ФОТО: Како изгледа соединување на ѕвезди?

Од:

Шпански астрономи од Универзитетот во Аликант утврдиле дека две ѕвезди во системот „MY Camelopardalis“, толку се приближиле една до друга, што очекуваат дека еден ден ќе се спојат во една супермасивна ѕвезда.

Тие во текст објавен во „Astronomy & Astrophysics”, велат дека ѕвездите толку се доближиле една до друга, што надворешните обвивки им се мешаат.

Педесет години се веруваше дека „MY Camelopardalis“ е единствена светла ѕвезда во соѕвездието Жирафа, но пред десетина години се испостави дека всушност станува збор за двојна ѕвезда.

zvezdi

Научниците ги набљудувале преку моќен телескоп од 2,2 метри во Опсерваторијата Калар Алто на југ на Шпанија и ги утврдиле нивните физички карактеристики како температура на површината и димензиите.

Што ќе се случи во текот на нивното составување, дали ќе има моќна експлозија или тоа ќе се манифестира со долготрајна интензивна светлина, за сега не е познато.

Инаку вакво нешто до сега не е забележано, бидејќи „MY Camelopardalis“ е прв познат млад систем на двојни ѕвезди во таа фаза.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ