ВИДЕО: Срамно и непрофесионално известување на МТВ за протестите

Од:

Јавниот сервис МТВ повторно необјективно и пристрасно извести за студентските протести. Не беше посилен ниту повикот на илјадниците студенти под нејзините прозори „МТВ види не“ од „партиската нарачка“. МТВ,никако да почне да известува професионално, целосно и непристрасно. Наместо да известува, коментира согласно агендата на власта.

-Според проценките се собрале 2.000 до 3.000 луѓе од кои голем дел членови од СДСМ и активисти на Сорос, извести МТВ, а притоа прикажа фотографии на универзитетски професори кои ги поддржуваат студентските барања , пет-шест стечајци и неколку поранешни и сегашни членови на СДСМ кои излегле како граѓани со поддршка.

Ако од 3.000 луѓе, колку што тврди МТВ, повеќето биле партиски луѓе, тогаш јавноста очекува да ги види „повеќето“.. Но наместо тоа во целиот прилог не можеше да се види снимка на повеќе од сто до двеста луѓе, дури и крајот на извештајот е инсертиран со кадри од владата и празен простор пред неа.

Главен и одговорен уредник на Информативната програма на МТВ е Горан Петрески, кој заедно со тимот на почетокот откако стапија на функциите најавија нова МТВ, со објективни информации и застапеност на сите страни. Од тоа, до денеска ништо не видовме, посебно во текот на изборните циклуси кога критики за пристрасно и нецелосно информирање стигнаа и од ОБСЕ и меѓународната заедница.

Ако приватните медиуми можат да известуваат според уредувачката политика, секако придржувајќи се на основните новинарски правила и етика, Јавниот сервис, кој го плаќаат сите, има обврска, да известува професионално и избалансирано. Не може ниту да се замисли еден ББС да се впушти во етикетирања и паушални оценки, или да го чита истиот текст што оди на таблоиди, жолт печат или медиуми кои се блиски до некоја политичка опција. Јавниот сервис не чита текстови напишани во партиски штабови.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот