Македонската тенисерка Лина Ѓорческа уште еден фјучрс турнир го почна со победа. Таа во 1.коло како 4.та носителка ја победи Вера Алешчева убедливо со 6-2 и 6-0. Притоа нашата тенсиерка имаше максмална реализација на брејк тпоките 5/5.
Утре во второто коло противничка ќе и биде уште една тенисерка од Русија Сахло Саидова, која со 6-0 и 6-1 Ксенија Дмитрева од Русија.
Во квалификациите во сингл настапи и македонската тенисерка Магдалена Стоилковска, која загуби во последната квалификациско коло од Елена Рибакина од Русија со 6-4 и 6-3.
Двете македонски тенисерки ќе играат во двојки. Ѓорческа заедно Рисинката Аминат Кушхова се трети носителки и ќе играат против Гаврила (Романија) – Смирнова (Белгија), додека Стоилковска игра со Елке Тил од Хандија, а ривалки им се Романките Циуфрила и Гитеску.