Алпер Гундуз, турски дизајнер роден во Анкара, е еден од двајцата добитници на наградите на ХИМ на меѓународниот натпревар инициран во август од страна на Формабилио, италијански бренд за еко мебел и домашен прибор.
Проектите се конципирани за дизајнери од целиот свет по пат на онлајн натпреварување, а избрани се од страна на заедничките љубители на дизајнот, произведени од страна на малите произведувачи во Италија. Целта на конкурсот беше да се дизајнирани мебел инспириран од машки универзум.
„Big Foot“ столица ја направи Алпер Гундуз. „Big Foot“ е машка столица со големи стопала. „Место за седење“ не е единствена функција на оваа столица, Big Foot животниот простор на сите ќе го исполни со хумор. Замислена е за весели и разиграни луѓе.
Проектот во целост ја одразува филозофијата на Алпер Гундуз кој дипломирал на Отсекот за архитектура Газа Универзитетот. Неговите трудови прикажани се на многу национални и меѓународни натпревари за дизајн. Мото „Без романтизам, рационализам не би постоел“ е она со што Алпер Гундез најмногу се идентификува.
– За мене, дизајнот не е поинаков од музиката, поезијата или архитектурата. Тој содржи интелегенција и сензибилитет, рече Гундуз.