Кина ги повика САД да ги почитуваат меѓународните конвенции

Од:

Кина денеска ги повика САД да го подобрат однесувањето и ги почитуваат меѓународните конвенции, по објавувањето на извештајот на Сенатот за бруталните акции на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) кон затворениците.

– Кина одлучно се противи на тортурата. Ние веруваме дека американската држава треба да размисли за тоа, да го подобри однесувањето и ги почитува и следи правилата на релевантните меѓународни конвенции, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хонг Леи.

Во вчера објавениот извештај на Сенатот се наведува дека ЦИА користела сексуална закана, симулирано давење и контроверзни методи во испитувањето на осомничените за тероризам, од кои сите биле неефикасни за добивање на информации.

Третманот кон затворениците во тајните затвори на ЦИА пред една деценија бил полош од тоа што американската администрација го изнесе пред Конгресот или јавноста, се наведува во извештајот на повеќе од 500 страници.

Би можело да ве интересира

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица