Во кампот „Мартинс“ во Калифорнија е изградена дрвена куќарка во која се комбинирани модерната архитектура со рустикалниот стил карактериситчен за американските колиби.
Колибата „Флајт хаус“ е замислена како семејна куќа за одмор во која нејзините сопственици можат да побегнат од градското темпо на живот и да се опуштат во природата и убавото опкружување.
Стамбениот простор во колибата се состои од пространи соби со полирани бетонски подови. Кујната и трпезаријата се единствен отворен простор, кој со надворешноста е поврзан со големи прозорци и стаклени лизгачки врати.
Просториите за спиење се едноставни со многу малку мебел, а како дополнителен елемент се камините и модерните светилки, што во комбинација со избраните бои и дрвото придонесува за создавање на чувство на топлина. Спалните соби се со големи прозорци од каде се пружа поглед кон прекрасните околни пејзажи.
Покривот на оваа енергетски ефикасна куќа е изработен од еднослојна мембрана, а дрвото доминира како главен елемент во целиот објект, со што се потигнува неговиот рустикален карактер. Вметнувањето на елементи на модерната архитектура создава совршена комбинација на стилови во куќата.