Двајца Македонци ќе туркаат автомобил за Гинисов рекорд

Од:

„Најголема далечина помината со туркање автомобил од двајца луѓе за време од 24 часа“ е предизвикот на Александар Чекоров и Александар Смилков кои во сабота во салата на Спортскиот центар Форца ќе се обидат да го урнат сегашниот Гинисов светски рекорд кој во моментов изнесува 82,4 километри.

Чекоров е речиси 20 години во маратонското и ултрамаратонското трчање, првиот македонец што има истрчано 100 километри и се уште држи македонски рекорди на 6-дневната (558км) и 10-дневната ултрамаратонска трка (890км). Смилков повеќе години е активен во фитнесот и е маратонец.

Автомобилот ќе се турка на кружна патека во салата. За регуларноста на настанот и запазување на правилата поставени од Гинис ќе се грижи седумчлена комисија од неколку судии од Атлетската федерација на Македонија и истакнати спортски работници и спортисти. Настанот ќе биде документиран со 24 часовно видео, фотографии и записник од страна на судиската комисија.

По планираното соборување на рекордот сите доказни материјали се праќаат до Гинис каде во следните неколку недели се верификува постигнатото.

Би можело да ве интересира

Почина веројатно последната личност родена во 19. век

Ана Ололовска

Соборен рекордот во менување автомобилски гуми

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џои Честнат од САД изеде рекордни 76 виршли одеднаш

Ана Ололовска

Швајцарски кројач соши панталони од 70 метри

Ана Ололовска

Новиот женски рекорд за најбрзо искачување на Еверест, ѝ припаѓа на планинарка од Хонг Конг

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Пуцвал“ за Гинис – Симон Вилијамс е горда сопственичка на најголемата афро-фризура во светот

Жарко Настоски