Кошаркарските екипи учесници во Евролигата Црвена Звезда и Галатасарај добија казни по нередите на навивачите пред дуелот од 6.коло одигран во Истанбул меѓу овие два тима.
Во нередите пред салата „Абди Ипекчи“ беше убиен и еден навивач на Црвена Звезда, Марко Ивковиќ, кој беше прободен со нож од страна на навивач на турскиот клуб.
Галатасарај е казнет со 100.000 евра и три натпревари да игра дома без навивачи, додека казната за Црвена Звезда е 50.000 евра и еден натпревар на домашен терен без навивачи.
Двата клуба во рок од 10 дена имаат право на жалба на оваа одлука.