Шалетерите на Агенцијата за катастар на недвижности ќе работат до 19 часот

Од:

Шалтерите во Центарот за катастар на недвижност Скопје и катастарите во поголемите градови низ Македонија од денеска ќе работат со продолжено работно време до 19 часот, информира Агенцијата за катастар на недвижности.

Ваквата одлука е за да им се излезе во пресрет на граѓаните за обезбедување имотен лист, кој им е неопходен за навремено поднесување барање за приватизација на дворните места, чиј рок истекува на 15 декември.

– Апелираме до граѓаните дека покрај во катастарот имотен лист по иста цена од 180 денари, може да се добијат и кај професионалните корисници на услугите на катастарот односно кај секој нотар, општина, геодетска компанија, поточно на преку 600 други локации низ Република Македонија, се вели во соопштението од Агенцијата.

Листата со адреси и контакт телефони е објавена на веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности www.katastar.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Во првиот квартал 1.953 хипотеки на недвижности со вредност од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари

Горан Наумовски

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

A1on

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

A1on