Нискобуџетни директни авиолинии за меѓусебно поврзување, бараат земјите од ЦЕФТА

Од:

Се уште невоспоставените директни авиолинии во регионот значително го кочат развојот на туризмот. Од друга страна, состојбата во секторот не може реално да се согледа поради немањето доволно статистички податоци, а тоа, според Стопанската комора на Македонија, е евидентно во сите земји-членки на ЦЕФТА.

– Огромна е потребата од поврзување на регионот со воведување авиолинии преку нискобуџетски компании особено ако се земе предвид фактот дека се уште од Скопје до Подгорица или Сараево се патува преку Белград или Истанбул за 10 часа по редовни, високи цени за секојдневна употреба, истакна Даниела Михајловска на прес-конференција.

Изнесувајќи ги заклучоците од неодамнешниот ЦЕФТА состанок во Подгорица на кој биле констатирани актуелните состојби, Михајловска напомена дека не се надминати ниту комплицираните процедури за добивање визи, а недостасува и иновативен пристап при креирањето понуди и услуги согласно трендовите и барањата на туристите.

– Еден од заклучоците беше и дека треба да се работи на поголема застапеност на земјоделските производи во дејноста како специфичен сегмент на препознатливост, на јакнење на соработката меѓу приватниот и јавниот сектор, на подобро искористување на фондовите и програмите од ЕУ, како и на постојана доедукација со цел поуспешно менаџирање на туристичките дестинации без што нема квалитетен туристички производ, посочи Михајловска.

Во однос на статистиката за туризмот, сугестијата е да се воспостави систем на сателитски сметки што подразбира правилно следење на податоците – точен број на туристи, девизен прилив, карактер на посети, потрошувачки потреби,…

– На тој начин би се добила прецизна слика за директните и индиректните ефекти од туризмот, би се овозможила меѓунардна споредливост на постигнувањата и навремено следење на приходите по сите основи, нагласи Михајловска, подвлекувајќи дека токму поради ограничувањата во обезбедувањето сеопфатни статистички податоци особено на ниво на туристичката индустрија, реалното оценување на влијанието на овој сектор е многу отежнато и речиси неостварливо.

Сите овие барања и предлози на бизнисот се дефинирани во рамки на ЦЕФТА, а деновиве ќе им бидат доставени и на надлежните институции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата