Нова промоција на „Ветерот носи убаво време“

Од:

Најновата антологија на младата македонска поезија и проза „Ветерот носи убаво време“ составена од приредувачите проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска и Иван Антоновски денеска во 12 часот беше промовирана по втор пат во просториите на „Матица ексклузив“.

На промоцијата настапија неколку од авторите застапени во антологијата: Игор Крајчев, Марта Марковска, Анета Василева, Јулијана Величковска, Маја Којчева, Томислав Каранфиловски, Ѓоко Здравески, Филип Клетников, Ана Голејшка и Елена Пренџова.

За авторите зборуваше промоторот Иван Џепаровски, кој што ја нагласи убавината на промените и што всушност тие носат, алудирајќи на насловот на антологијата, – Ветерот носи убаво време, стих од македонскиот познат поет Ацо Шопов. Тој додаде дека првото издание од оваа книга е исцрпено, па на повидок е и второ што значи дека „промените“ веќе допреле до читателската публика и и се допаднале.

Приредувачите на атологијата, Иван Антоновски и Весна Мојсова Чепишевска, исто така ги поздравија присутните, при што Антоновски, како еден и од младите автори упати порака до издавачите и рече: Како млад автор, од името на сите нас би сакал да им порачам на сите објавувачи да не објавуваат, а критичарите да не критикуваат“.

Проф. д – р Весна Мојсова Чепишевска го истакна фактот дека голем дел од застапените автори, веќе помалку или повеќе познати на македонската публика доаѓаат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, така што според неа, не постои случајност зошто токму тие денес пишуваат и творат, ниту пак изборот на литературата како нивна идна професија.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот