Новиот претседател на Србија, Томислав Николиќ изјави дека нема да го признае Косово дури и „по цена на членство на Србија во Европската Унија“.
„Мене ме нема на списокот на тие што би го направиле тоа“, рече Николиќ во интервју за ТВ Црна Гора.
Тој рече дека досега никој не му го поставил условот да се признае Косово за понатамошен напредок на Србија кон европските интеграции.
Николиќ додаде и дека Србија останува воено неутрална, а до влезот во Европската Унија, нејзин трговски партнер ќе биде Русија.