Млада брачна двојка решиле да ги намалат сопствените емисии на јаглерод диоксид и за таа цел да живеат на сосема едноставен начин, поради што изградиле мала куќа со многу малку простор за складирање.
Тие со сопствени раце изградиле куќа во 12 метри квадратни, во која нема ниту водовдона инсталација. Куќарката е изградена од штици од стар амбар и од преработено дрво кое е користено за обложување на таванот и ѕидовите.
Во куќата се поставени половни прозорци и врати, а и целиот мебел е купен на старо.
Целиот проект е осмилен како скромен дом во кој има доволен простор за оние работи кои се неопходни за живот.