Петрески: Власта ги криеше Катарците од мене

Од:

Охридскиот градоначалник Петрески е гневен затоа што власта ги сокрила Катарците од него при нивната посета на Охрид деновиве. Никој не го поканил Петрески да се

сретне со нив кои дури и со хелихоптер речиси еден час го надлетуваа градот. Го одминаа Петрески без да се видат со него.

Тој вели дека и незнаел дека тие биле во Охрид, градот со кој раководи веќе втор мандат. Петрески се пожали дека власта секогаш настојувала таквите работи да ги сокрие

од него. Но, рече оти според него бизнисмени од Катар најверојатно би инвестирале во новата туристичка зона во Охрид за која од министерството за транспорт и врски

веќе побарале општината да издаде соодветна докуменетација

-Јас средба не сум имал ниту ми беше најавена. Како по обичај тие средби владата гледа да ги скрие од мене. Гледаат на тие средби да не бидам јас присутен. Јас дека

дошле во Охрид немам информации. Имам само една инфирмација дека од Министерството за транспорт и врски е побарано изработка на нов урбанистички план на потегот од

Љубаништа до рампата кај Свети Наум каде се предвидува нова туристичка зона.Мислам дека за новата туристичка зона се работи баш за инвеститори од Катар. Ја потпишав

таа иницијатива и ја дадов во процедура за изработка на урбанистички план, изјава Александар Петрески градоначалник на Охрид.

Министерот за економија Ваљон Сарачини вели дека оние кои ќе вложуваат во слободните развојни туристички зони ќе бидат ослободени од сите давачки.

Воведовме нов концепт на развојни туристички зони каде на сите инвеститори им се нудат половолности или на англиски такс холидеј со што ќе се ослободуваат од сите

давачки при инвестирањето, изјави Ваљон Сарачини министер за економија.

Во однос на најавите за изградба на скијачки центар на планината Галичица,Сарачини вели дека државната компанија МЕПСО заедно со министерството за економија ќе

изработат физибилити студија и мастер план за да се види што се нуди Галичица и кои се можностите за инвестирање таму..Истиот тој план ќе биде понуден на домашни и

странски концесионери кои би биле заинтересирани да инвестираат на Галичица рече Сарачини. Петрески очекува и ошштината да биде консултирана за овој проект.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион