Европската комисија побара од претставници за безбедност во воздушниот сообраќај да разгледаат неколку случаи, кога за малку дошло до судар во воздух меѓу патнички авиони и воени летала, кои биле без предавател за идентификација.
Европската агенција за воздушна безбедност соопшти дека претставници на ЕУ пријавиле дека воен авион, со кој не било можно да се воспостави контакт, летал во близина на патнички авион над море во близина на границата со ЕУ.
Агенцијата не објави повеќе детали, но неодамна американскиот амбасадор во НАТО ја обвини Русија дека нејзините воени авиони ги загрозуваат цивилните летови во Европа.