Бразилски судија издаде налог за апсење на претседателот за операции на “Гугл” во Бразил, бидејќи не се отстранети од “Јутјуб” видео снимките во кои вербално е нападнат кандидатот за градоначалник на Кампо Гранде.
Налог за апсење на Жозе Фабио Силва Коелјо вчера издаде судијата Флавио Перен од државата Мато Гросо ду Сул, поради две видео снимки кои содржат вербални напади врз Алиседес Бернал, кој се кандидираше за градоначалник на Кампо Гранде.
Перен минатата недела нареди отстранување на клиповите од “Јутјуб”. Тој, исто така, нареди 24-часовен прекин на “Гугл” и “Јутјуб” во целата држава, јавува АП.
Полицијата соопшти дека не добила налог за апсење на Коелјо. “Гугл” се вели во соопштението ќе поднесе жалба на одлуката на судијата, бидејќи не е одговорен за содржината објавена на неговата веб-страница.