На Факултетот на физичка култура денеска беа доделени првите сертификати на ракометни тренери.
Во изминатиот период од три месеци РФМ заедно со ЕХФ формираа едукативен центар за обука на нови ракометни тренери.
Првиот курс, кој се одржуваше на Факултетот за физичка култура, го завршија 25 тренери на кои им беа доделени сертификати.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ја истакна поддршката која ја има овој едукативен центар од федерацијата.
– Ова е важен проект за нас. Свесни сме дека без едукација и изградба на нови тренери, ние нема да можеме да создадеме нови ракометни генерации. Како федерација и во иднина ќе го поддржуваме овој центар, а од самите тренери очекуваме тие да бидат уште по амбициозни’, изјави првиот човек на македонскиот ракомет Живко Мукаетов.