ФОТО: По дождот во Пелагонија критичен водостојот на Црна река

Од:

Секоја капка дожд во Пелагонија плива над почвата, а есенската сеидба е крајно неизвесна дали и кога ќе заврши, сметаа Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, напоменувајќи дека дождовите во изминатите денови го покачија нивото на Црна река на критичните 3, 60 метри , ако се знае дека нејзиниот капацитет е 4,30 метри, објави агенцијата МЕТА.

-Високиот водостој на Црна и воопшто состојбите со влагата во почвата во Пелагонија не се паметат од осумдесеттите години на минатиот век. Има површини кои константно с епод вода и земјоделците веќе се откажуваат таму да сеат наесен- вели Димче Јошевски од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола. Вчера жителите на селото Карамани побарала чистење на селскиот канал кој се влива во 4-от канал бидејќи постоела опасност да им ги поплави засеаните ниви со есенски култури.

Сеидбата на есенските култури е запрена веќе две недели, како и жетвата на пченката во зрно.

– Нивата е изорана, сакавме да ја сееме со пченица, но не се влегува внатре се е кал. Водата стои , се си велиме дека проблемот е во неисчистените канали- се пожали вели Јане Тошевски, земјоделец од битолското село Логоварди.

Од Сојузот на земјоделци на Македонија велат дека сеидбата е остварена само на половина од предвидените површини. Околу 5000 хектар каде не е ожнеана пченката, не ќе можат да бидат посеани затоа што плодоредот за овие култури е веќе завршен, велат од Сојузот. Но, според нив клучното прашање е ако продолжат дождовите дали ќе може да се влезе во нивите до напролет.

-Прашање е дали и идната година на овие површини ќе може да се организира производство на храна, бидејќи со овие дождови не ќе можеме до јуни да влеземе во нивите- изјави Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците.

Во исто време, надлежните од Пелагонија стравуваат дека оваа сеидба ќе донесе и намалени приноси.

-Приносите можеби ќе бидат помали за 50 проценти. Но, ако дозволат условите ќе имаме пролетна сеидба, така што можеби ќе имаме околу 70 до 80 проценти од очекуваните приноси. Таква е состојбата што не се памети досега во ноември да заврнале 100 литри дожд на метар квадратен- вели Илија Србиновски, раководител на Министерството за земјоделие во Битола .

Пелагониските општини веќе бараат трајно решени за справување со поплавите во земјоделските површини. Па така Општините каде што поминува реката Црна ќе бараат од Владата средства за целосно чистење на коритото на реката. Исто така се размислува да се изгради вештачко езеро кај селото Егри и да се вложи во пумпи за одводнување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица