Груевски: Современата жена мора да е успешна и во кариерата и во семејството

Од:

Современата жена на денешното време има повеќе предизвици, пркоси и се бори на секое поле, професионално и приватно, рече премиерот Никола Груевски во своето излагање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа под мотото „Дел од новото време, дел од нашето движење“, пренесе Мета.

– Современата жена треба да биде активна и успешна на работното место, во градењето на кариерата, но и посветена и успешна и во кругот на своето семејство – рече Груевски.

Премиерот Груевски истакна дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, презема мерки за намалување и за справување со предизвиците, притоа потсетувајќи на зголемувањето на порастот во економијата, инвестициите во инфраструктурата. Тој во своето изложување ја најави новата американска инвестиција вредна 18 милиони евра, која ќе овозможи 400 нови вработувања. Договорот со амеериканската компанија за инфлатори за воздушни перничиња треба да биде потпишан кон средината на месецот.

На годишната конференција, свое изложување имаше и претседателката Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, која оцени дека во изминатите години се направени значајни чекори за подобрување на општествената улога на жената, притоа истакнувајќи ја и улогата на жената како мајка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски