Ѓорческа поразена во финалето во Анталија

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (6. носителка) е поразена во финалето на фјучрсот во Анталија, Турција. Таа денеска загуби од Пиа Кониг од Австрија (3.носителка) со 2:0 во сетови. Ова за Ѓорческа беше 4.то финале во 2014 година, а успеа да победи само на турнирот во Варна (Бугарија), додека загуби во Прокупље (Србија) и Соусе (Тунис).

Првиот сет по гоелма борба со 7-5 во гемовски го доби Кониг, која во вториот сет беше поуспешна со 6-4.

Двете тенисерки имаа проблем со освојувањето на гемови на свој сервис, па така Ѓорческа имаше реализација на брејк топките 4/7, а Кониг 6/8.

Во вкупниот број поени Кониг беше поуспешна (72:68).

За пласманот во финалето Ѓорческа ќе добие нови седум поени и по една недела откако ќе и бидат впишани би требало повторно да се најде под границата од 400.место на ВТА листата.

Ѓорческа и следната недела ќе настапува на фјучрс турнир во Анталија (награден фонд 10.000 долари), а од 15.декември е пријавена за настап и на фјучрс турнир во Анкара (награден фонд 50.000 долари) каде најверојатно ќе треба да игра квалификации.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров