Изложба на фотографии – „Охрид, слики од минатото“

Од:

Во рамките на чествувањата посветени на патронот на Охрид – Св. Климент Охридски, синоќа беше отворена изложба на фотографии на Охрид во минатото. Изборот е направен од фотографии објавени на Фејсбук страната: „Охрид слики од минатото“, додека љубителите на фотографијата можат да ја погледаат во атрактивниот галериски простор на “Куќата на Уранија”.

Фејсбук група во 2010 година ја креираше Никола Зафировски, една е од најпопуларните и во моментов брои 5500 членови, кои објавиле околу 2.000 фотографии од минатото на Охрид.

Foto-izlozba

Најстарите фотографии од Охрид потекнуваат од 1863 година. Нив ги направила австриска научна експедиција, предводена од Јозеф Секељ.

Охриѓанецот Владо Жура најстарата фотографија за Охрид ја поврзува со престојот на експедиција на Виенската академија на науките и уметностите во 1863 година во Охрид, која траела 10 дена, а биле направени само 11 фотографии од градот и околината. Фотографиите биле поставени на Светската изложба во Париз во 1867 година. Фотографот Јозеф Секељ за тоа добил бронзен медал.

Свеченостите по повод празникот продолжуваат и вечерва, со манифестацијата „Сите кон Свети Климента“, а ќе завршат утре навечер со Свечена академија на која ќе бидат доделени Светиклиментовата награда и повелба.

Fotoizl.

Како што е веќе објавено Светиклиментовата награда му е доделена на познатиот сликар Јордан Манасиески.

Интернационалниот биографски центар од Кембриџ, го забележа во книгата на најзначајни личности од светот за 2013, додека во последниве пет години, излагаше во Париз, Токио, Њујорк, Фиренца и други светските уметнички метрополи и салони, од каде се врати со ласкави признанија и награди. Мегу другото, за своето дело „Молитва за радоста“, Мансиески ја доби специјалната награда на Јапонската асоцијација за современа уметност.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство