Полицаец повреден при спречување тепачка меѓу навивачите на ФК Вардар и Шкендија во Тетово

Од:

Еден полицаец бил повреден во главата при вчерашната полициска интервенција за спречување на тепачка помеѓу навивачките групи на фудбалските клубови „Вардар„ и „Шкендија“ кај градскиот стадион во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

До инцидентот дошло откако меѓу 30 и 40 навивачи на „Вардар“ околу 13 часот и 30 минути ненајавено пристигнале и сакале да влезат на стадионот каде се играл куп натпреварот помеѓу „Ренова“ од Џепчиште и „Вардар“ од Скопје.

– Организаторот не и дозволил на групата да влезе на стадионот, а во меѓувреме во нивна близина се собрале повеќе навивачи на Шкендија. Помеѓу двете групи започнале препукувања и меѓусебни фрлања со камења и шишиња, но со интервенција на полицијата бил спречен физички контакт меѓу двете групи. При тоа еден полицаец бил удрен по главата и веднаш бил префлен во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата привела тројца навивачи на Вардар кои по извршените разговори биле пуштени и по расчистувањето на случајот ќе се соочат со соодветни поднесоци, појасни Јосифовски.

Се преземаат мерки за откривање на лицето кое го повредило полицаецот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он