Полицијата го исмејала на Твитер

Од:

Ванкуверската полиција има смисла за хумор, барем од време на време, пишува „Глоуб анд мејл“.

Полицијата на својот „Твитер“ профил неделава објави две фотографии кои прикажуваат „ламборџини хуракан“ модел за 2015 година, фатен за пребрзо возење, поради што е натоварен на камион.

Screenshot_5

Очигледно дека пишувањето казна за возачот и твитувањето на фотографијата не било доволно за полицијата па тие истовремено ставиле и текст кој како да е направен за реклама за „Мастеркард“, пишува канадскиот весник.

„Ламборџини – 275.000 долари. Казна за пречекорување на ограничената брзина – 368 долари. Гледањето како вашиот спортски автомобил заминува на седум дена – непроценливо“.

„Ламборџини хуракан“ од 0 до 100 километри на час развива за 3,2 секунди, а максималната брзина му изнесува 325 километри на час.

Триесетгодишниот возач бил запрен бидејќи возел со 102 километри на час на улица на која ограничувањето на брзината е на 50 км/час!

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто