Бидејќи Советот за безбедност на Обединетите нации не успеа да ја спречи граѓанската војна во Сирија, арапските земји самите треба да интервенираат и да сторат сé за да се спречи крвопролевањето, рече емирот на Катар Шеик Хамад бин Калифа ал-Тани.
Говорејќи во Генералното собрание на ОН навести дека заобиколувањето на Советот за безбедност ќе овозможи мирен трансфер на власта во Сирија. Тој потсети дека во 70-тите години на минатиот век, арапските сили интервенираа во Либан за да престанат внатрешните судири, што се покажа како ефективно и корисно.
Катар, заедно со Саудиска Арабија и Турција, силно ги поддржува сириските востаници, додека Иран му дава поддршка на претседателот Башар ал-Асад.