„Убаво ќе го личи“ – На Јанкуловска и се допаѓа пасошот со новиот грб

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот ФБ профил, објави слика како може да изгледа македонскиот пасош со новиот државен грб.
„Убаво ќе го личи“, констатира министерката за решението кое е изработено во фотошоп.

Владата подржа и ќе му предложи на Собранието да го изгласа новиот државен грб, на кој ќе биде разгневен црвен лав на златно-жолта позадина.

Screenshot_1

За изгласување на овој нов симбол е потребно дво-третинско мнозинство, или 82 позитивни гласови. Според информациите од Владата веќе бил постигнат договор за поддршка со ДУИ.

Она што се коментира и за што нема објаснување е колку сето ова ќе ги чини граѓаните, и кога тие ќе треба да ги сменат своите документи. Трошоци ќе повлече и менувањето на таблите на сите институции на кои треба да биде ставен новиот грб.

Државниот грб на Република Македонија последен пат беше променет пред неколку години, , кога од него беше отстранета ѕвездата петокрака, која, како што беше посочувано асоцирала на друго уредување.

Граѓаните тогаш немаа финансиски импликации, бидејќи немаа обврска да ги менуваат документите додека не им истече рокот.

И претходно имаше обиди да се смени државниот грб и на него да се стави лавот, како симбол, но обидите не беа успешни.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски