Гигантот „Трепча“ и годинава со рекордно производство

Од:

Косовскиот економски гигант „Трепча“ и оваа година ќе забележи рекордно производство. Годишниот план е реализиран заклучно со 31 октомври.

– Политичката криза во Косово се чини не го попречи производството во економскиот гигант „Трепча”, каде во споредба со истиот период минатата година, забележан е раст од 10 отсто на преработена олово-цинкова руда и 18,3 отсто поголемо производство на концентрати на овие две руди олово и цинк концентрати или поголемопроизводство од годишно планираното за 0,6 отсто, пишува весникот „Епока е ре“.

Според Бислим Муча, ракводител на секторот за односи со јавноста во комбинатот, за десет месеци преработени се 170.788 тони олово-цинкова руда што е за 1.139 тони повеќе од истиот период лани, при што добиени се 14.120 тони концентрат на олово и цинк.

– Се надеваме дека производството до крајот на годинава ќе биде за најмалку десет отсто поголемо од планираното на годишно ниво. Политичката криза не го спречи производството, но секако влијаеше врз дефинирањето на правниот статус на комбинатот. Предлог-законот за ова претпријатие кое требаше да биде јавна компанија во мај не беше усвоен заради распуштање на Парламентот. Сега сета постапка треба да почне од почеток бидејќи изминаа шест месеци, изјави Муча.

Олово-цинковиот концентрат „Трепча“ го извезува на странскиот пазар. Годинава потпишан е договор со швајцарска компанија за откуп на концентратот.

Според Муча, косовскиот гигант минатата година произвел рекордни 186 илјади тони олово и цинк, а по збогатувањето на овие руди добиени се 14.500 тони концентрат на олово и цинк.

Се проценува дека рудникот „Трепча“ располага со 63,3 милиони тони олово- цинкова руда.

Експертот од оваа област Шиќири Келменди неодамна потврди дека „Трепча“, во перидот 1945-1990 година произвела вкупно 10.700 килограми злато со висок степен на чистота. Според него, „Трепча“ годишно произведувала 200 до 560 килограми злато или просечно годишно по 238 килограми. По косовската војна во „Трепча“ не е прозведен ниту грам злато.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица