Евакуирани 600.000 луѓе на Филипините поради тајфунот Хагупит

Од:

Источниот дел на Филипините го зафатија поројни дождови и силни ветрови, а поради тајфунот Хагупит денеска се откажани 177 внатрешни летови, додека од островите Самар и Лусон досега се евакуирани околу 600.000 луѓе.

Според податоците на филипинските авиокомпании, бројот на откажаните летови може да биде и поголем во следните денови, зависно од јачината на стихијата.

Метеоролозите предвидуваат дека централниот дел на островскиот архипелаг би можел да биде погоден од тајфунот до крајот на денешниот ден или утре изутрина, кога височината на брановите се очекува да достигне 4,5 метри.

Началникот на националната служба за заштита од природни катастрофи, Александар Пами изјави дека засега од главниот остров Лусок се евакуирани околу 600.000 луѓе, но се планира евакуирање на повеќе од два милиони жители. Локалните власти испратиле лекови и храна за загрозеното население.

Според последните податоци, брзината на ветрот во центарот изнесува 50 метри во секунда со налети кои надминуваат 70 метри во секунда.

Филипинските власти стравуваат дека може да се повтори ситуација слична со тајфунот Хајан од 2013 година, кога загинаа повеќе од 7.000 лица.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски