А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Девет странски државјанки приведени во угостителски објекти во тетовско

by А1он06/12/2014 - 13:0779
Share0

Девет странски државјанки на возраст од 21 до 37 години се приведени во акциската контрола на полицијата што ноќеска од 23 часот до 3 часот по полноќ била спроведена во угостителските објекти „Баци“ во тетовското село Синичане и „Енерџи клуб“ покрај локалниот пат за Сараќино.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во угостителскиот објект „Баци“ затекнати се осум странски државјанки од кои три од Албанија, две од Косово и исто толку од Србија и една албанска државјанка со привремен престој во Тетово. Во „Енерџи клуб“ затекната е една девојка од Црна Гора.

– Деветте странски државјанки кои во објектите нелегално биле ангажирани како пејачки и танчерки и го злоупотребиле својот престој, приведени се во Полициската станица Тетово, задржани се и денеска ќе бидат предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија за натамошна постапка, во рамки на која ќе се утврдуваат сите поединости околу нивниот престој и работење на подрачјето, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

mvr

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он12/09/2026 - 09:41

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:05

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он10/09/2026 - 17:56

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он08/09/2026 - 15:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео