Фудбалерот на лондонски Челзи, стандардниот репрезентативец Френк Лампард, поради повреда дефинитивно нема да може да игра на Европското првенство, соопшти Англиската фудбалска асоцијација.
Лампард во средата го напушти тренингот на националниот тим, а по денешниот преглед, утврдено е дека станува збор за повреда од потежок вид и затоа искусниот фудбалер ќе мора да го пропушти континенталниот шампионат во Полска и Украина.
„Ова е голем удар за нашиот тим. Навистина е сурово што Френк Отпаѓа од списокот на само неколку дена пред првенството“, изјави англискиот селектор Рој Хоџсон.
Англија на Еуро 2012 ќе игра во Групата Д, заедно со Франција, Шведска и Украина.