А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Децата најранлива група во трговијата со луѓе

by А1он05/12/2014 - 11:51180
Share0

Идентификацијата на жртвите и на потенцијалните жртви на трговијата со луѓе е главниот проблем со кој се соочува светот, вклучувајќи ја и Република Македонија, истакна Стојна Димишковска од Здружението „Отворена порта“ на денешната Национална конференција за проактивна и координирана борба против трговија со луѓе со фокус на трудовата експлоатација, а на која се обратија и министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Гордана Јанкулоска и Диме Спасов.

Добивај вести на вибер

Како што нагласи министерката Јанкулоска, според актуелните трендови на трговијата со луѓе, како најгруба форма на кршење на човековите права и дигнитет, женската популација и децата се најзагрозена група. МВР континуирано презема мерки и се справува со кривичните дела од областа на трговијата со луѓе и илегалната миграција и како резултат на тие заложби, посочи, во годишните извештаи на Стејт департментот на САД, Република Македонија по четрти пат по ред е рангирана во ТИЕР-1 групата земји кои ги исполнуваат потребните услови за успешна борба против трговија со луѓе.

Според аналитичките опсервации на МВР, најзастапен вид во областа на трговијата со луѓе продолжува да биде сексуалната експлоатација, присилните бракови и трудовата експлоатација.

– За изминатите 11 месеци до ОЈО за организиран криминал и корупција поднесени се три кривични пријави, при што се пријавени четворица сторители, од кои едно лице е од женски пол, информира Јанкулоска.

Таа истакна дека од стана на институциите се идентификувани осум жртви на трговија со луѓе, од кои пет се во скопскиот, една во пелагонискиот регион, а две малолетни државјанки се експлоатирани во Словенија и во Италија. Од нив, шест се малолетни и две полнолетни лица, седум од нив се жени, а едно лице е од машки пол.

Во моментот, рече министерката за внатрешни работи, во Центарот за жртви на трговија со луѓе сместени се шест жртви, кои имаат добиено првична помош и заштита.

Министерството за труд и социјална политика согласно меѓународните и европски стандарди, потенцира министерот Спасов, континуирано ја наградува законската и институционалната рамка за превенција и заштита на жртвите на трговија со луѓе, особено на децата и нивна ресоцијализација и реинтеграција. Тој посочи дека се изготвени индикатори за идентификација на жртвите на трговија со луѓе, во кои се содржани и специфични индикатори за децата.

Посебно внимание, рече Спасов, посветуваме на проактивната улога на социјалните работници, пред се во идентификацијата на жртвите, преку мобилни тимови, со што се зголемува ефикасноста во идентификацијата, упатувањето и заштитата на жртвите на трговија со луѓе.

– Податоците говорат дека децата се најпогодена ранлива група. Најзастапени видови тргодија со деца се трудовата и сексуалната експлоатација, како и присилните бракови, наведе министерот за труд и социјална политика.

Токму затоа, истакна Спасов, МТСП ќе продолжи посветно да работи на градење на капацитетите на професионалците од центрите за социјална работа, подигање на јавната свест кај општата популација и организирање кампањи за намалување на ранливоста, особено на младите луѓе, како и на економско зајакнвуање на ранливите групи со олеснување на пристапот до пазарот на трудот.

trgovija so luge

Би можело да ве интересира

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски30/07/2024 - 11:3230/07/2024 - 13:33

Стејт депратмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Горан Наумовски16/06/2023 - 08:07

Стејт департмент: Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Горан Наумовски19/07/2022 - 21:01

Светски ден за борба против трговија со луѓе: Во С. Македонија трговијата со луѓе за сексуална експлоатација е доминанта форма, се реактивираат Мобилните тимови

Ана Ололовска29/07/2021 - 13:3829/07/2021 - 13:38

Притвор за 11 лица за организирање трговија со луѓе

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 12:47

Он-лајн дебата: Поинтензивно вклучување во борбата против трговијата со луѓе

Ана Ололовска18/10/2020 - 14:5918/10/2020 - 14:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен