Во Ватикан се пронајдени стотици милиони евра кои ги нема во финансиските извештаи на Светата столица, пренесуваат медиумите.
-Парите се наоѓаат на сметките на голем број оддели на Светата столица, а ги нема во нејзините финансиски извештаи- изјави за британски „Католик Хералд“, кардиналот од Австрија, Џорџ Пел.
Него папата го поставил на место на кое е задолжен за надзор на ватиканските финансии. Инаку со ватиканските пари со години управувале Италијаните и тоа доста нетранспарентно.
Пел на ниту еден начин не тврди дека се работи за злоупотреба, туку истакнува дека одредени ватикански одделенија имале потполно одврзани раце во поглед на финансиите, па вели дека тешко може да се дознае што точно се случувало, кој што работел и со колку пари располага.
Инаку тој додаде дека е пријатно изненаден од пронајдената сума и дека финансиската состојба е многу подобра од тоа што изгледало.
Е. Г.