Германските екипи Баерн и АЛБА, во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Војдан Стојановски и Лестер Бо Мекејлеб, претрпеа порази во 8-то коло од кошаркарската Евролига.
Баерн на гостувањето кај Емпорио Армани загуби со 83:81, а Мекејлеб постигна 8 поени и имаше по 3 скокови и асистенции.
АЛБА на Војдан Стојановски загуби 95:89 на гостувањето кај европскиот првак Макаби. Македонскиот репрезентативец постигна пет поени и имаше два скока.
Резултати и двојки од 8-то коло:
А група: Нижни Новгород – Реал Мадрид 98:101, Динамо Сасари – Уникс Казан 68:72, Жалгирис – Анадолу Ефес 57:66.
Табела: Реал Мадрид 6-2, Анадолу Ефес 6-2, Уникс Казан 4-4, Жалгирис 4-4, Нижни Новгород 3-5, Динамо Сасари 1-7.
Б група: Лимож – Уникаха 67:64, Макаби – АЛБА 95:89, ЦСКА Москва – Цедевита играат вечерва.
Табела: ЦСКА Москва 7-0, Макаби 5-3, Уникаха 4-4, АЛБА 3-5, Цедевита 2-5, Лимож 2-6.
Ц група: Емпорио Армани – Баерн 83:81, Фенербахче – Панатинаикос 84:62, Туров – Барселона играат вечерва.
Табела: Барселона 7-0, Фенребахче 6-2, Панатинаикос 5-3, Емпорио Армани 3-5, Туров 1-6, Баерн 1-7.
Д група: Галатасарај – Лаборал, Олимпијакос – Нептунас и Валенсија – Црвена Звезда играат вечерва.
Табела: Олимпијакос 6-1, Црвена Звезда 4-3, Лаборал 3-4, Галатасарај 3-4, Нептунас 3-4, Валенсија 2-5.
Пласман во следната фаза имаат обезбедено: Реал Мадрид, Анадолу Ефес, ЦСКА Москва, Макаби, Барселона, Фенербахче, Панатинаикос и Олимпијакос.