Соколи извојува лесна победа над Струмица

Од:

Кошаркарите на Карпош Соколи вечерва ја победија Струмица со 76:54 во натпревар од 8.коло од Првата кошаркарска лига.

Струмичани одиграа добро во првите 10 минути кои завршија 19:19, а следните два периода доминираа домашните. Вториот период заврши 19:11, а третиот 23:18. Струмица само во последната четвртина оствари позитива (16:15).

Диме Тасовски со 12 и Владимир Филиповиќ со 10 поени беа предводници во победата на тимот од СЦ „Борис Трајковски“. „Двоцифрен“ во Струмица беше само Томчо Соколов со 13 поени.
За Соколи ова беше петта победа наспроти двата пораза, Струмица го запиша петтиот пораз и остана на три победи.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос