ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата да го врати надоместокот за плата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците од опозицијата да ги вратат сите пари кои досега ги имаат добиено на име надоместок за пратеничка плата.

Во писмената реакција на прес-конференцијата на Рената Дескоска се наведува дека таа седум месеци по ред добивала месечна плата од над 65 илјади денари, а се нема појавено ниту еден ден на работното место.

– Таа за една година ќе зема над 780.000 денари, а воопшто не чувствува одговорност и потреба да се појави на своето работно место и да ја работи работата што таа сакала да ја работи и што граѓаните и ја довериле, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека пратениците од опозицијата за една година ќе земат над 24.180.000 денари, а не чувствуваат одговорност да се појават на своите работни места. – Тоа се над 1200 просечни плати во Република Македонија, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче