ОЕЦД: Меѓународната корупција е дело на индустриски развиените земји

Од:

Најголемиот број од случаите на подмитување на меѓународен план се дело на големите компании, се наведува во извештајот на Организацијата за економсика соработка и развој (ОЕЦД) посветен на транснационалната корупција.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, ОЕЦД во извештајот опфаќа 427 случаи на транснационална корупција забележени ширум светот од февруари 1999 година, односно од влегувањето во сила на Конвенцијата за борба против корупцијата, па до денес. Во овие случаи се опфатени вкупно 263 физички и 164 морални лица.

Според дефиницијата, под транснационалната корупција се подразбира „фактот да се понуди, вети или дава каква било непотребна материјална или друга корист… на странски носител на јавна функција, за него или за трето лице, така што тоа лице дејствува или се воздржува да дејствува при извршувањето на службените должности, со цел да добие или да задржи пазар или друга несоодветна предност во меѓународната трговија“.

Главниот заклучок од извештајот оди против досега стекнатите идеи дека корупцијата е пред се дело на неразвиените земји.

– Најголемиот број од корумпираните и оние кои корумпираат доаѓаат од богатите земји, стои во извештајот.

Во целина на обработените случаи на корупција, 128 биле во САД, 26 во Германија, 11 во Кореја и по шест во Италија и Франција.

Според извештајот на ОЕЦД, мито во 60 отсто случаи даваат големите компании, додека средните и малите претпријатија тоа го прават само во 4 проценти од случаите. Во 41 проценти од случаите раководителите на претпоријатијата биле во тек со оваа практика, а во 12 отсто биле и директно вмешани.

Најпогодени од транснационалната корупција се претпријатијата кои работат во областа на индустрија (19 отсто), потоа во градежништвото и во транспортот (по 15 проценти) и секторот на информации и комуникации (10 отсто).

Анализираните случаи покажуваат дека просечно митото изнесувало 13,8 милијарди евра, односно 10,9 отсто од вредноста на вкупната трансакција и 34,5 проценти од вкупниот профит од зделката.

Транснационалната корупција не е исплатлива, кога ќе биде откриена. Имено според ОЕЦД, казните за откриените случаи изнесуваат од 50 до 200 проценти од профитот кој е остварен со корупциското дело. Највисоката казна била 1,8 милијарди долари, а 80 лица во проучуваните случаи заработиле затворска казна.

Најчесто корумпирани се вработените во јавните претпријатија (27 отсто), потоа царинарниците (11 проценти), па здраствените работници (седум отсто). Најчесто мито се дава при обидите да се добијат проекти финансирани со јавни средства, дури во 57 отсто од случаите и за олеснување на царинските процедури (12 проценти). Во три четвртини од случаите има вмешаност на трето лице.

ОЕЦД исто така констатира дека бројот на репресивните акции против транснационалната корупција, откако се зголемуваше од 1999 до 2011, започна да опаѓа. Така во 2013 биле спроведени само 42 акции, додека две години порано имало 78 операции.

Решувањето на случаите трае исто така подолго. Просечно во 2013 година беа потребни 7,3 години за да се реши еден случај, наместо четири години во 2008. Тоа се должи пред се на сложеноста на истрагите.

Според ОЕЦД, овие бројки изнесени во извештајот се само „видливиот дел од сантата мраз“. Организацијата нагласува дека „корупцијата им штети на развојот и економскиот раст“, со повик до земјите да ја зајакнат нивната акција во борбата против корупцијата.

ОЕЦД смета дека е потребно да се зајакнат казните за претпријатијата кои ќе бидат откриени дека практикуваат корупција, објавување на откринеите случаи и пред се поголема заштита на лицата кои ги откриваат случаите на корупција. Имено тие овозможуваат да бидат откриени само два од пет случаи на корупција. Најчесто случаите се откриваат при фузија на претпријатијата или при внатрешните контроли.

На крајот од извештајот, државите се повикуваат да ги направат потранспарентни нивните конкурси за учество на јавните наддавања за добивање на тендери.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски