Убиен Албанец џихадист во Сирија

Од:

Албанскиот државјанин Денис Јангули е последната потврдена жртва на боиштата во Сирија, кој се борел на страната на терористичката организација Ал-нусра и ИД, јави дописникот на МИА од Тирана.

Веста за загинувањето на Јангули, кој по професија бил фармацевт, неговите најблиски ја добиле преку телефон: Денис загина во Сирија .Не правете ништо за него, тој тоа не го сакаше, им било кажано од лице кое не се претставило.

Неговото семејство, кое подолг период немало контакт со него, не верува дека е убиен, па одлучило да почне законска процедура тој да биде  прогласен за исчезнато лице.

Според албанската тајна служба,ШИШ, Јангули (29) по потекло од Пешкопеа а живеел во Тирана, е еден од албанските државјани кои го загубиле животот на боиштата во Сирија и како и другите, погребан е на сириско тло.

Пред неколку дена беше потврдена смртта на Косовецот Бурим Демоли од Коловица кај Приштина, кој исто така се борел на страната на ИД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“