Конференција за заштита на македонските автохтони семиња

Од:

Во организација на Слоу фуд млади Македонија денеска ќе се одржи конференција на тема „Нашите семиња, наша иднина“. Целта е промовирање  и  заштита  на  македонските автохтони семиња.

– Ова е прв настан од неколкуте планирани на оваа  тема  на  кој  заеднички  ќе дебатираат производителите, експертите, граѓанските организации и претставници на институциите, за актуелните прашања и можностите за примена на домашните семиња од страна на малите фармери, како и за политиките кои го засегаат овој сектор, велат организаторите.

Според нив, Македонија е вистинска ризница на автохтон генетски растителен фонд.

– Автохтоните семиња се наше гастрономско богатство, нераскинлив дел од нашиот идентитет. Губејќи ги нив, губиме дел од нашите белези како народ кој живее на овој простор. Зачувувањето на автохтоните семиња и нивното засејување на македонските полиња нека бидат наш одговор, отпор кон индустриски произведените хибриди и генетски модофицираните семиња кои се реална опасност за губење на нашата автентична храна, на нашата слобода и право на добра, чиста и правична храна, велат од Слоу фуд.

Настанот се реализира во рамки на кампањата на Слоу фуд млади Македонија „Не за ГМО!“ и проектот ЕССЕДРА, финансиран од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади