Над 150 лица загинаа во напад на исламистичката група Боко Харам

Од:

Над 150 лица, меѓу кои и 38 полицајци, загинаа во нападот, извршен денеска од исламистичката група Боко Харам врз нигерискиот град Даматуру, соопштија полициски и медицински извори, цитирани од француските медиуми.

Според високо позициониран претставник на спасувачките служби и службеник на локалната болница, по нападот на исламистите 115 трупа биле префрлени во мртовечница, без да се утврди дали тие биле на цивили или бунтовници.

Шестмина војници биле убиени, дополни тој.

Портпаролот на нигериската полиција, Емануел Оџукву, изјави дека во нападот загинале 38 полицајци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он