Груевски: Најавениот студентски протест е партиски мотивиран

Од:

Студентите ако првиот пат кога излегоа на протест не беа информирани за концептот, сега точно се знае дека не е екстерно тестирање, туку државен испит и дека нема да ги опфати генерациите кои веќе се запишани на факултет.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски како коментар на најавите за нови протести од студентите во одговор на прашање по засадувањето дрвце кај спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, во рамките на акцијата „Ден на дрвото“.

– Токму затоа, станува кристално јасно со какви цели би се одржал следниот протест. Сега, се повеќе станува јасно дека оваа веројатно помала група која ќе излезе на следниот протест е длабоко партиски мотивирана. Најголем дел од нив се од подмладокот на СДСМ и другите опозициски партии или, пак, на друг начин се мотивирани преку институциите што ги финасираат Владимир Милчин и СОРОС во Република Македонија, истакна Груевски.

Тој посочи дека овие лица финансирани од Институтот Отворено општество користат каква било можност да се протестира против Владата, посочувајќи дека истите лица се појавуваат на сите протести против Владата и се претставуваат како студенти, земјоделци, стечајци….
Појасни дека концептот државен испит се воведува со добра намера и има за цел да се оневозможи луѓе кои, како што рече, без да ја погледнат книгата сакаат да добијат високи оценки на сметка на сите други кои се мачат и учат.

– Сакаме во целиот тој систем да внесеме еднаквост и правдина, нагласи Груевски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче