Јапонскиот производител „Тошиба“ го претстави најновиот додаток на својата популарна серија дигитални видео камери „Камилео“, водоотпорна камера „Камиело БВ20 ХД“.
Моделот е отпорен на потопување во вода, на прашина и удари, така што може да издржи случајно паѓање од височина.
Целна група на „Камилео БВ20 ХД“ се спортските ентузијасти кои имаат потреба да ги снимат своите авантури. Цената на апаратот изнесува 130 долари.
Видео камерата забележува брилијантни Фул ХД 1.080 пикселни видео снмики и фотографии и во услови кои се далеку од идеални.
Моделот е опремен со објектив ф/2.2, 5 МП сензор, како и опција за стабилизирање на сликата што им овозможува на корисниците да снимаат видео записи со поголема прегледност.