Актуелниот шампион во регионалната кошаркарска АБА лига остана без својот најдобар играч Џерел Блесингејм.
Американецот во редовите на загрепската екипа помина две години и беше предводник до трофејот освоен минатата сезона во јадранското натпреварување.
И покрај лошата материјална ситуација во клубот Блесингејм се одлучи и оваа сезона да игра за Цибона, но не издржа до крај поттикнат од понудите на некои клубови од Полска и од Турција, пишуваат хрватските медиуми.