Младиот Британец, Аурелијан Хејман, студент по англиска книжевност на Универзитетот во Дарам, е еден од само 30 луѓе во светот (и единствен во својата земја) кај кого е утврдена многу ретка состојба, позната како хипертимезија, односно многу развиена афтобиографска меморија.
Оваа состојба значи дека тој не заборава ништо од она што во текот на изминатите десет години се случило и дека тој период може да го реконструира ден по ден, до изненадувачки детали.
Доколку некој не праша што сме работеле на некој конкретен датум во 2006 година, на пример, поголемиот број нема да знаат, освен ако токму тогаш не бил некој од значајните датуми од нашите животи. Хејман, меѓутоа се потсетува не само што работел тој ден, туку и како бил облечен, што јадел, какво било времето, која музика ја слушал, па дури и какви биле вестите на телевизија.
Додека голем број луѓе, во просек, можат да се потсетат на околу 11 случувања од секоја година во својот живот, Хејман има многу повеќе спомени поврзани за секој поединечен ден. Така, знае дека на 1 октомври 2006 година неделата била облачна, дека ја слушал песната „When you were young“ и дека ја повикал девојката да излезат, но дека таа го одбила.
Оваа дарба не ја разбрав преку ноќ, но кога имав 14 години открив дека многу добро се сеќавам на работите што се случиле пред повеќе години, рече Хејман.
Обичниот човек информациите, како што се датумите, ги извлекува од своето долготрајно помнење, што е складирано во денсната фронтална мрежица на мозокот. Хејман работи на истиот начин, но капацитетот не неговата меморија е проширен и го користи и левиот фронтален мозочен засек, што вобичаено ги контролира јазикот и говорот, како и областите во задниот дел на мозокот каде обично се складираат слики. Сето тоа, меѓутоа, се случува на потсвесно ниво.
За жал, ова одлично помнење, што не го споделува никој од членовите на неговото семејство, не му помага кога станува збор за испитите на факултетот:
Помнењето во принцип ми е добро, но посебната автобиографска меморија не е од голема корист при учењето, раскажа младиот Британец.