Данска, Нов Зеланд и Финска се трите држави во светот кои според класификацијата на Транспаренси интернешнал се најмалку корумпирани во светот.
На таа листа за 2014 година следуваат Шведска (со 87 поени), Норвешка и Швајцарија (86).
Во групата на најкорумпирани држави се Сомалија и Северна Кореја со по осум поени, и по нив следуваат Судан, Авганистан, Јужен Судан и Ирак.
Рејтингот на Кина е намален за четири поени и сега е 36 и покрај кампањата на Владата во Пекинг против корупцијата.
Организаицјата базирана во Берлин користи табела во која 100 „поени“ добиваа најнекорумпираните држави, а 0 – најкорумпираните.