ВМРО-ДПМНЕ: Позади Еврометар стои СДСМ

Од:

Позади наводното истражување на Еврометар, стои соросовата организација Македонски центар за европско образование, организација која ја раководат луѓе од СДСМ, поточно Бојан Маричиќ, сопруга на функционерот од СДСМ Маринела Тушева и Лидија Димова која е актуелен партиски функционер на СДСМ и поранешен директор на оваа организација.

Лидија Димова е личноста која во април минатата година како претставник на НВО Македонски центар за европско образование во Брисел скандалозно побара укинување на средствата кои Европската унија ги дава за поддршка на Македонија, не криејќи дека е во тесна соработка со Фондацијата Сорос. Лидија Димова, долго време лажно се претставуваше како независен експерт, а денес е и претседател на советот за ЕУ интеграции во СДСМ и пратеник од оваа партија. Последното по што беше актуелна Димова се повиците за линч на новинар со чии прашања Димова не се согласувала.

Маринела Тушева е во два наврати е поранешен пратеник на СДСМ и функционер од оваа партија.

Ваквиот монтиран извештај покажува дека СДСМ од петни жили се труди да го фингира јавното мислење во државата и да манипулира со граѓаните. СДСМ со ова покажува дека и на раководството на партијата и е јасно дека нивните политики немаат поддршка од граѓаните па мора да прибегнуваат кон изнесување на лаги. Ваквата приземна манипулација покажува за еклатантно немање на демократски капацитет, и е доказ за деструктивната политика која ја води оваа партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела