Египќанец терорист уапсен во Албанија

Од:

Египетски државјанин, баран со меѓународна потерница за тероризам, уапсен е на граничниот премин Капштица на албанско-грчката граница кај Корча, при обид да влезе на албанска територија, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според албанската полиција Елсајед Али Ахмед Елезаби бил баран со потерница од Интерпол Каиро, бидејќи бил осуден од египетските власти со 25 години затворска казна за извршени терористички акти.

Која била целта на неговото доаѓање во Албанија треба да потврди истрагата, по што албанските власти се очекува да ја почнат процедурата за негова екстрадиција во Египет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“