ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака ред и дисциплина во плаќањето на обврските

Од:

Со воведувањето на задолжницата и Законот за финансиска дисциплина, односно со осигурувањето на побарувањата и утврдувањето на конкретни рокови за плаќањето на обврските, треба да прекине практиката на неплаќање која е општо присутна, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Драган Тевдовски од СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „разбирливо е за експертите на СДСМ, како партија која ја негувала сивата економија, да бидат против воведувањето ред и дисциплина во плаќањето на обврските и со тоа обезбедување ликвидност во стопанството“.

Културата на неплаќање на обврските која постои, односно и добростоечки фирми да доцнат со исплатата на своите обврски, укажува ВМРО-ДПМНЕ, е лоша и за стопанството и за економијата во целина. Токму затоа самите фирми побараа да се воведат инструменти како задолжницата и финансиската дисциплина.

– Ова е практика и на други земји кои се членки на ЕУ каде роковите се фиксни и каде се штитат оние кои работат согласно законите и пазарните правила. Задолжницата ќе придонесе за работите да тргнат на подобро во стопанството, чиста сметка, подобрена ликвидност, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче