Одговор на „Фокус“ до МВР

Од:

Зоран Димитровски, одговорен уредник на „Фокус“, испрати одговор до писмото на МВР во кое меѓу другото стои дека секаков обид за фалсификат на биометриските патни исправи би бил лесно откриен.

Еве што стои во одговорот на „Фокус“:

За да не биде изманипулирана министерката за внатрешни работи, Владата или нејзините коалициони партнери дека „Фокус“ добил вистински одговори на прашањата кои ги постави, со дозвола од МВР, доколку некој министер или коалиционен партнер во Владата е заинтересиран, може да му ја доставиме целокупната досегашна кореспонденција.

Доколку се обезбеди одобрение и од некои функционери од ВМРО-ДПМНЕ, може да бидат доставени и целокупните материјали кои согласно новинарската етика за прашување на втората страна, неколку години наназад на министри и функционери од партијата им беа поставувани прашања.

Што се однесува до конкретните одговори, од пракса би нагласиле дека пред неколку години имаше еден случај во кој портпарол на партијата испрати автентичен одговор на едно наше прашање!

Но, не може да исклучиме дека е можно некој во Министерството за внатрешни работи – од портир, преку хигиеничарка, припадник на „Алфите“, до обичен позорникар што патролира во некоја скопска населба, да превитка табак, да земе перодршка в рака, да ја потопи во троа мастило и да начкраба неколку реченици кои ќе ги нарече одговори на новинарските прашања. Арно ама, дали тоа значи дека МВР навистина одговорило на прашањата на „Фокус“?!

Редакцијата му стои на располагање на т.н. Одделение за односи со јавност на МВР, на помошникот на министерот Иво Котевски или на лице кое тој ќе го овласти, во секое време да дојдат во нашата редакција, каде што ќе им демонстрираме на најпрофесионален начин што треба да содржат вистински одговори на директно поставени новинарски прашања на едно транспарентно Министерство за внатрешни работи.

Му стоиме на располагање на МВР, повторно да му ја објасниме апсурдноста во тврдењата дека машината за печатење на фалсификувани пасоши мора да тежи 8 тони.

Би можело да ве интересира

Влада: Нема веќе турканици за вадење пасоши и лични документи

Мицкоски: Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола

И покрај реформите, за германски пасош се чека и по една година

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Тошковски ќе бара решение како да гласаат над 100.000 граѓани кои немаат лична карта, а имаат пасош без „северна“

A1on

Народен правобранител: Најдовме готови документи на граѓани, а МВР нема увид дека се подигнати

Горан Наумовски