Јотовски лесно преку првата пречка

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски без поголеми проблеми успеа да постигне победа во 1.коло на фјучрс турнирот во Иран, што се игра во Киш. Тој на својот денешен ривал Мохамед Карегаран од Иран му препушти само два гема (6:2 и 6:0).

Јотовски кој е рангиран како 5. носител на турнирот, во следното коло ќе игра со победникот од мечот Тимон Рајхелт (Германија) и Марк Верворт (Холандија).

Во игра на двојки Македонецот на овој турнир настапува со Полјакот Аркадиуж Коцила и во првото коло ривали им се Хрватите Тони Андроиќ и Матео Фабер.

За Јотовски ова е настап на трет фјучрс турнир во Иран.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров