ВИДЕО: Започна постапката за одземање на мандатите на опозицијата

Од:

Собраниската комисија за деловничко и мандатно имунитетни прашања на денешната седница ја започна постапката за одземање на мандатите на 31 пратеник од опозицијата. Членовите на комисијата едногласно одлучија дека пратениците шест месеци неоправдано не доаѓале на работа.

Пратеникот Александар Николовски кој е претседател на Комисијата за мандатно имунитетни прашања посочи дека одземањето на мандатите следува поради тоа што пратениците од опозицијата шест месеци неоправдано не доаѓаат на работа. Според него местото им било во Собрание бидејќи така одлучиле граѓаните кои ги избрале.

„Во периодот од 10-ти мај до 10-ти ноември 2014-та во кој се одржани 40 седници на собранието, 31 пратеник не присуствувале на седница, не го известиле претседателот на собранието дека се спречени да присуствуваат и константирам дека неоправдано остуствувале од работа повеќе од шест месеци“, рече Александар Николовски.

Овој предлог ќе оди на пленарна седница. За одземање на мандат на пратеник се гласа за секој посебно и потребни се 82 пратенички гласа.

ДУИ претходно изјави дека тие не се согласуваат со одземање на мандатите туку да се направат сите обиди опозицијата да седне во собраниските клупи.

Од ДУИ потсетуваат дека и тие бојкотот го применувале како средство за политичка борба.

 

 

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги