Албанската полиција уапси еден адвокат, кој му се заканувал преку СМС пораки на премиерот Еди Рама.
Полицијата во Тирана соопшти дека 58-годишниот Башким Хоџа во последните денови постојано му испраќал заканувачки пораки на мобилниот телефон на Рама.
Уапсениот адвокат изјавил дека бил под дејство на алкохол и не се сеќава на ништо.
Полицијата не ја открива содржината на заканувачките пораки.
Хоџа е познат адвокат, кој во последните години бранел високи личности од подземниот свет во Албанија.